Денеска за екипата на Македонија ЃП продолжува овогодинешниот ПМФЛ шампионат, односно третото коло кое што е по распоред. Во првите две „Лавовите“ доживеаа порази против Струга ТЛ односно Шкендија, а сега е на ред гостувањето во Кратово кај Силекс во 17 часот.
Распоредот за МЃП сезонава воопшто не е лесен. Барем на стартот. Во три кола се сретна со три екипи кои имаат и тоа како високи амбиции.
„Да, тоа е точно, распоредот не ни е најлесен, но тоа не е никакво алиби, за евентуален нов неуспех. Напротив, доста беа порази. Одиме во Кратово по поволен резултат. Нема што тука премногу да се дискутира. Не бевме комплетни ниту во Струга, ниту против Шкендија, полека екипата ги вбројува и оние кои недостасуваа. Па така, мислам дека е вистинско време за наш добар резултат. Да покажеме дека се добар тим, воигран тим кој сезонава ќе игра битна улога во домашниот шампионат“ – изјави Ѓорѓи Стоилов. Мечот во Кратово заспочнува во 17:00 часот.