“Бомба“: Моника Селеш ќе му биде тренер на Новак Ѓоковиќ?!

142

Каква “бомба“ од Њујорк во пресрет на почетокот на УС Опен. Имено Моника Селеш, една од најдобрите тенисерки во историјата, која во свое време беше непобедлива, најверојатно ќе му биде тренер на најдобриот тенисер на сите времиња, на Новак Ѓоковиќ.

Познато е дека Селеш е родена во Нови Сад во 1973 година, но со децении живее во САД.

На прашањето дали ова е вистина, Новак на пресот имаше свој одговорт:

Како да ми ги читате мислите… Но, не можам да кажам ништо повеќе. Зборував за такво нешто, ајде да видиме. Ќе бидете информирани. Ова се некои почетни разговори, повеќе е на емотивна страна, отколку што сакам нешто толку долгорочно. Повеќе е нешто што би ми значело многу. Мислам дека е јасно за кого станува збор, но ајде, нема да го кажам името на глас, за да не го направам тоа прерано, ако некогаш дојде до тоа. Имавме интересни разговори.“

ПретходноНовак: Србија е на работ на граѓанска војна!
Следно“Ждрепката за СП ќе се одржи на 5 декември, верувам дека и Путин ќе дојде на Мундијалот“!(ВИДЕО)