ВМФЛ: Брегалница го пречекува Кожуф, Скопје игра дома против Слога Виница!

84

Денеска со мечевите од 1.коло (17 часот), стартува и новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Сезона која по многу работи ќе биде специфична. Како прво само шампионот директно ќе се пласира во елитата, додека вториот и третиот тим ќе играат баражи со осмиот и деветтиот од ПМФЛ за пласман во првата лига.

Директно испаѓаат четирите последно пласирани екипи, додека оние од 9 до 11 место ќе играат баражи со третолигашите за опстанок.

Вака е направено со цел за да во сезоната 2026/27 ВМФЛ брои 14 екипи.

Денеска се очекува најинтересно да биде на средбата Брегалница – Кожуф, додека составот на Скопје предводен од Александар Таневски го дочекува тимот на Слога Виница.

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

Вардар Неготино – Тетекс

Брегалница – Кожуф

Новаци – Победа

Саса – Осогово

Преспа – Шкендија Арачиново

Охрид – Беласица

Скопје – Слога Виница

Големо Коњари – Детонит

Претходно“Ждрепката за СП ќе се одржи на 5 декември, верувам дека и Путин ќе дојде на Мундијалот“!(ВИДЕО)
СледноСкандал во Романија: Вака се “мести“ на ждрепка! (ВИДЕО)