ВМФЛ: “Пиратите“ тргнаа со победа, Детонит и Шкендија (А) убедливи, само бод за Брегалница

601

Попладнево се одиграа сите осум средби од 1.коло во новата сезона во ВМФЛ. На „Автокоманда“ голема борба се водеше меѓу Скопје и Слога Виница, но сепак трите бода ги освоија избраниците на Александар Таневски, откако во 77.минута го постигнаа единствениот гол на овој меч. Значи Скопје тргна во новата сезона со триумф.

На дербито во Штип, каде силите ги одмерија Брегалница и Кожуф, резултатот на крајот беше 0:0.

Детонит и Шкендија (А) како гости беа најубедливи, со победите над Г.Коњари со 0:4 и кај Преспа со 0:3.

Новаци со 2:0 беше подобар од составот на Победа, додека нерешеносо резултат 1:1 завршија средбите Саса – Осогово и Охрид – Беласица. Вардар дома, на свој терен во Неготино славеше со 2:1 против Тетекс.

РЕЗУЛТАТИ – 1.КОЛО

Брегалница – Кожуф 0:0

Скопје – Слога (В) 1:0

Г.Коњари – Детонит 0:4

Саса – Осогово 1:1

Новаци – Победа 2:0

Охрид – Беласица 1:1

Преспа – Шкендија (А) 0:3

Вардар (Н) – Тетекс 2:1

ПретходноСилекс со три од три сезонава
СледноОфицијално: Езе во дресот на Арсенал