Денеска стартува новата сезона во Серија А: Елмас во дресот на Наполи или Рома?!

139
фото: FutsHaber (X)

Денеска со четири меча од 1.коло стартува новата сезона во Серија А, во една од најквалитетните лиги во светот. Јасно е дека Италија одамна не е тоа што беше како пред три децении, но оваа лига секогаш има некој свој шарм.

Наполи, Интер, Милан, Јуве… тоа се клубови кои се изговараат со респект и имаат милиони фанови ширум светот.

За нас интересно е како и каде ќе заврши Елиф Елмас, нашиот најдобар фудбалер во моментов. Дали ќе се врати во Наполи, дали ќе направи трансфер во Рома и ќе се пресели во вечниот град. Убаво ќе биде да се врати во Серија А за да за нас, оваа лига стане уште поатрактивна.

Иако Лукаку ќе биде во аут веројатно до крајот на оваа година, сепак прогнозите велат дека Наполи е прв фаворит за титулата. Тренерот Антонио Конте не крие дека го посакува тоа, за да во втората сезона под Везув дојде и до втората титула.

Сепак тука е и Интер. Гигантот од Милано, актуелниот вицешампион на Европа, по имиња има најдобар тим во Серија А, но има и нов тренер во името на Романецот, Кристијан Киву. Интер по оние 0:5 во финалето во ЛШ пред неколку месеци, по тоа дека минатата сезона не освои ниту еден трофеј, е во криза. Тоа е евидентно.

Милан и Јуве се фаворити од сенка. Гигантите од Милано и Торино ќе се обидат да ги користат сите киксови на Наполи и Интер.

Аталанта, Рома, Лацио, Болоња, Фиорентина… се екипите кои по традиција очекуваат пласман во горниот дел на табелата, а сите прогнози велат дека Комо ќе биде и тоа како опасен, многу опасен.

И на крај, доаѓањето на Лука Модриќ (Милан) и Кевин де Брујне (Наполи) и тоа како ќе на направи сезоната во Серија А многу поинтересна.

ПретходноОХРИД 2025: Вечерва се игра финалето! ГРК Охрид и Пелистер во битка за трофејот!
СледноТрансфери: Езе наскоро и официјално во Арсенал! Антони повторно во Бетис, што ќе биде со Едерсон?!