Звезда во враќа Зукиќ во домашниот шампионат

105

Тимот на Црвена Звезда на големо се подготвува за групната фаза од некое од елитните европски натпреварувања. Има опција сеуште да заигра во Лигата на Шампионите, иако губи по првиот дуел од тимот на Пафос од Кипар, а и доколку не биде така, ќе биде дел од Лигата на Европа.

Во таа насока клубот сака што подобро да се засили, а на листата на желби се појави и во моментов репрезентативецот на Србија, Дејан Зукиќ. Екс играчот на Војводина, со успех настапува во австриски Волфсбергер, но за сериозна сума која што Звезда нормално може да ја плати офанзивецот многу лесно може да се врати во Србија.

Зукиќ ги мина сите млади селекции на северниот сосед, доби повик и за А селекцијата. Дете е на Војводина, а во Австрија беше продаден за речиси еден милион евра.

 

ПретходноМаркес го доби спринтот во Унгарија
СледноХофенхајм го „шокираше“ Баер на стартот на Бундес лигата