Охрид 2025: Вардар поразен од Нексе во мечот за 3. место

102

Ракометарите на Вардар загубија од Нексе во малото финале на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Во битката за третото место, хрватскиот гостин Нексе славеше на дуелот со освојувачот на Купот на Македонија со 28:26.

Нексе одигра подобар меч од Вардар, успеа скоро во текот на целиот натпревар да го контролира резултатот и водството и на крајот сосема заслужено го освои третото место. Иван Чупиќ на кормилото на Вардар  претрпе нов пораз, па во следниот период ќе треба многу повеќе да работи на кревање на формата на тимот.

Во пресрет на овој меч, во битката за 5. место на турнирот, Партизан го совлада Тримо Требње со 33:30, додека седмото место на турнирот го освои српскиот состав Динамо Панчево, кој славеше над Киндл од Фарските Острови со 28:24.

ПретходноОфицијално: Езе во дресот на Арсенал
СледноРоналдо урна уште еден рекорд: 100 гола за четврти клуб во кариерата!