По само две кола му се заканува отказ: Потер е на „стаклени нозе“

132
фото: ESPN UK (X)

Менаџерот на Вест Хем, Греам Потер, кој има само две победи во своите први 10 натпревари во Премиер лигата како тренер, со разочарување го коментираше синоќешниот тежок пораз од Челзи со 1-5.

„Тешка ноќ за нас, секако. Горко сум разочаран од резултатот и начинот на кој беа постигнати головите“, рече Потер.

„Примивме голови откако добро го започнавме натпреварот. Бевме домашен тим и мораше да извршиме притисок, да се обидеме да поведеме, па дефинитивно беше тешка вечер за нас“, додаде стратегот.

Според англиските медиуми, Потер е сериозно под закана да го загуби работното место и може да стане првиот менаџер во Премиерлигата кој оваа сезона ќе добие отказ. Прашање е колку Вест Хем ќе чека до конечниот потег.

ПретходноКремонезе го шокираше Милан на Сан Сиро, Рома сигурна
СледноБарса со пресврт го совлада храбриот Леванте