Роналдо урна уште еден рекорд: 100 гола за четврти клуб во кариерата!

41
фото: Al Nassr (X)

Кристијано Роналдо постави нов уникатен рекорд.

Напаѓачот на Ал-Наср реализираше пенал во мечот од Суперкупот на Саудиска Арабија против Ал-Ахли (2:2, пен. 3:5), со што го запиша 100-тиот гол во дресот на клубот од Ријад. Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал 100 или повеќе голови за 4 различни клуба.

Тој постигна 450 гола за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед и 101 за Јувентус.

Како дел од португалската репрезентација, Кристијано постигна 138 гола.

ПретходноОхрид 2025: Вардар поразен од Нексе во мечот за 3. место
СледноВлезе во игра со 15 години: Арсенал го има и вториот најмлад дебитант во Премиерлигата (ВИДЕО)