Силекс со три од три сезонава

137

Во единствениот денешен меч од третото коло во ПМФЛ шампионат, тимот на Силекс на домашен терен успеа со високи и убедливи 3:0 да слави против екипата на Македонија ЃП.

Во дуел во кој домаќинот тотално доминираше, Силекс три пати погоди во противничката мрежа, а можеше реално минимум уште толку.

Стартната иницијартива на домаќинот беше наградена со водство во 23. Минута од мечот кога Пиреш погоди по асистенцијата на Ади Алиќ.

Само што стартуваше второто полувреме, Мартин Мирчевски со удар од работ на шеснаесетникот погоди во десниот агол од голот на Ефремов и тоа беше 2:0 за домашните.

Доколку беше признаен голот на Кире Маркоски можеби и Македонија ЃП ќе имаше можност за поволен резултат, но истиот беше поништет поради офсајд. На спротивната страна пак серијата промашувања во вториот дел, ги прекина Матевски кој погоди со убав ролинг удар од десетина метри.

Силекс има девет бода и три победи од три меча, а Македонија ЃП е без пободи сеуште по поразите од Струга ТЛ, Шкендија и денеска од Силекс.

 

ПретходноГвардиола по поразот од Тотенхем: Правиме грешки во едноставни ситуации
СледноВМФЛ: “Пиратите“ тргнаа со победа, Детонит и Шкендија (А) убедливи, само бод за Брегалница