Тотенхем му одржа лекција на Сити

104

Тимот на Тотенхем на стартот на денешната Премиер лига програма на гостински терен го совлада тимот на Манчестер Сити со конечни 0:2. Одличната партија на гостите беше наградена со три бода кај еден од најголемите фаворити за титулата, кои уште на стартот на сезоната доби „ладен туш“.

Гостите уште на мечот се виде дека Тотенхем има намера на овој меч да ја покаже сета своја сила. Џонсон по одличната акција погоди во 35. минута, ВАР го потврди голот, а во судиското продолжение од првиот дел повторно се тресеше домашната мрежа.

Катастрофална грешка на одбраната на Сити, која дозволи да биде одземена топка во петерецот, по што Паилиња реализираше за 0:2.

Во вториот дел, Сити нормално се обиде да стори нешто повеќе, но ниту Халанд, ниту пак некој друг од напаѓачите на домаќинот успеа да реализира и барем да си даде шанса за поволен резултат.

Тотенхем по две кола е со две победи и гол разлика 5:0, додека пак Сити остана на досегашните три бода.

 

ПретходноПешиќ го објави конечниот список, еве кои тројца кошаркари отпаднаа од тимот на Србија
СледноЃурковски и Николовски за уште посилно Скопје пред стартот на ВМФЛ