Трансфери: Езе наскоро и официјално во Арсенал! Антони повторно во Бетис, што ќе биде со Едерсон?!

81
ФОТО: BRFOOTBALL/X

Како што се наближува крајот на летниот преоден рок, станува се поинтересно, посебно на Островот. Како што пренесуваат медиумите во Англија, трансферот на Еберечи Езе од Кристал Палас во Арсенал е готов.Останува само да се договорат некои ситни детали и тој да биде официјализиран. Се разбира дека и со Езе, Арсенал мора, ама баш мора оваа сезона да биде шампион. Ако не биде тогаш се знае дека проблемот е во Микел Артета.

Откако Бразилецот Антони како позајмен играч одигра фантастично во дресот на Бетис, како позајмен играч на Манчестер Јунајтед, кубот од Севиља бара начин по секоја цена одново да го доведе во своите редови.

Трансферот на Џиџи Донарума во Манчестер Сити зависи од тоа што ќе биде со Едерсон. На ова прашање и самиот Пеп Гвардиола одговори дека и тој не знае што ќе се случува со бразилскио голман кој има неколку понуди а интересна е онаа од Галатасарај.

И сега сите чекаат на Едерсон, и тоа Пеп, Донарума, Сити, Галатасарај се во очекување на тоа за што ќе се одлучи Бразилецот.

ПретходноДенеска стартува новата сезона во Серија А: Елмас во дресот на Наполи или Рома?!
СледноМарк Маркез најбрз во квалификациите за ГН на Унгарија!