Екипата на Баер Леверкузен на стартот на новиот Бундес лига шампионат е поразен изненадувачки на свој терен од екипата на Хофенхајм и на тој начин на лош начин ја започна новата кампања.
Иако се добро стартуваше за домаќинот на овој меч сепак епилогот на истиот не беше во полза на Баер. Куанса го доведе домаќинот во водство по само пет минути игра, но во 25. минута Аслани израмни на 1:1.
Тим Лемперле во 53 минута погоди за комплетен пресврт, а домаќинот потоа не успеа да се опорави од оваа ситуација.
Ајнтахт Франкфурт добро го стартуваше шампионатот со победа од 4:1 над Вердер, додека Хаиденхаим пак не успеа да го искористи домашниот терен и загуби од Волфсбург со 1:3.
Унион Берлин пак со 2:1 беше подобар од Штутгарт, додека пак, Фрајбург остана без бодови по поразот од Аугзбург од 1:3.