Штипјанки засилени со три интернационалки пред стартот на сезоната

96

Штипски Младост УГД во новата сезона во женската одбојкарска елита кај нас влегува со три интернационалки. Штипјанки викендов претставија уште две нови засилувања од странство, откако претходно беше потврдено местото на Марија Батиниќ од БиХ, која веќе беше дел од штипскиот прволигаш.

На позицијата техничар, штипски Младост УГД во новата сезона ќе биде засилена со 27-годишната грчка интернационалка Деспина Котонасиу, која во редовите на нашиот прволигаш дојде од екипата на Аполон Каламата.

На примачката позиција доаѓа ново име од Бразил. Станува збор за Росали Егвуату која во Македонија доажа од Израел каде во последната сезона го носеше дресот на Еилабун.

Со овие три интернационалки, Младост УГД најавува силна сезона и атак на место во завршницата на плеј-офот.

ПретходноБорусија (Д) имаше три бода во рака, на крај замина со само еден
СледноБадијала сите нови засилувања, Атлетико повторно киксна во Примера