Ѓурковски и Николовски за уште посилно Скопје пред стартот на ВМФЛ

281

Тимот на Скопје дефинитивно е еден од најсериозните кандидати за освојување на второлигашката фудбалска конкуренција сезонава. ВМФЛ шампионатот стартува денеска, а „Пиратите“ создадоа сосема респектабилен тим кој што ќе атакува на највисок пласман сезонава.

Па така, како супер засилување во последната линија пристигна Александар Ѓурковски кој последно беше дел од тимот на Вардар. Од истиот правец пристигна и искусниот Кристијан Николовски кој што е новитет во средниот ред.

Горјан Цветков е следниот кој што ФК Вардар го остапи на Скопје. Младиот крилен играч во потрага по поголема минитажа се презели есенва на Автокоманда, а тука е и голманот Гоце Јовчев кој што ќе се бори за минутажа на голот на Скопје.

Денеска на Автокоманда во рамките од првото ВМФЛ коло пристигнува Слога Виница, а дуелот стартува од 17:00 часот.

 

ПретходноТотенхем му одржа лекција на Сити
СледноШкендија го доведе Спахиу