Артета: Ситуацијата со коленото на Хаверц не е добра

49

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета на официјалната прес конференција која што беше одржана како најава за денешниот дуел од Премиер лигата на неговиот тим против тимот на Лидс, кој што започнува од 18:30 часот објави дека ситуацијата со повредата на Каи Хаверц воопшто не е добра. И дека ќе треба да се почекаат резултатите од деталните прегледи за да се дознае што воопшто се случува со германецот.

„Каи дефинитивно не е достапен за овој натпревар. За жал, има повреда, не знаеме колку е сериозна. Ни треба повеќе време и повеќе тестови. Потоа ќе имаме поголема јасност за следните чекори“, рече Артета.

„Претпочитам да не зборувам за детали, но тој не е добро. Треба малку повеќе да го проучиме прашањето, а потоа да одлучиме што ќе правиме“, продолжи тој.

„Ментално е во добра форма. Тој е навистина силно момче, многу посветен. Имаше неверојатно закрепнување по операцијата на тетивата минатата сезона. Никогаш претходно не се повредил, па затоа ова беше навистина негово прво искуство. Да видиме колку е лошо, но сигурен сум дека ќе реагира на најдобар можен начин“, додаде Шпанецот

ПретходноЕвертон го договори еден од најдобрите млади играчи во Англија (ВИДЕО)
СледноПешиќ го објави конечниот список, еве кои тројца кошаркари отпаднаа од тимот на Србија