Ова лето, од познати причини, раководството на Барселона речиси и не потроши ништо за ангажман на нови имиња. Маркус Рашфорд беше донесен на позајмица, дојдоа и голманот Гарсија и Барџи, но немаше трансфер од сто милиони евра како некогаш.
Затоа челните луѓе на каталонската гордост најавија дека за следното лето се спремаат два спектакуларни трансфери.
За 120 милиони евра Барса планира да го доведе на “Камп Ноу“, светскиот првак и напаѓач на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварез. Додека од Интер за 80 милиони евра би дошол Алесандро Бастони, еден од најдобрите дефанзивци во светот во моментов.
Секако дека со нив двајца Барса и тоа како ќе има уште посилен тим.
Но тоа е за сезоната 2026/27.