“Ждрепката за СП ќе се одржи на 5 декември, верувам дека и Путин ќе дојде на Мундијалот“!(ВИДЕО)

53
ФОТО: FIFA.COM

Претседателот на САД, Доналд Трамп по состанокот со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека ждрепката за СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада е закажана за 5 декември во Вашингтон.

Тој покрај другото најави дека очекува на Мундијалот да дојде и Владимир Путин, претседателот на Русија, земја која е под санкции поради агресијата врз Украина:

Верувам дека ќе дојде, во зависност од тоа што ќе се случи, можеби ќе дојде, а можеби и не, ќе зависи од тоа како ќе се развиваат работите. Инаку нас ни е чест да го донесеме овој глобален настан, оваа неверојатна група луѓе и овие неверојатни спортисти – најдобрите спортисти во светот – во културниот центар на нашата нација“посочи Трамп.

Инаку Инфантино на Трамп му го врачи официјално првиот билет за СП.

Претходно“Бомба“: Моника Селеш ќе му биде тренер на Новак Ѓоковиќ?!
СледноВМФЛ: Брегалница го пречекува Кожуф, Скопје игра дома против Слога Виница!