Фантастичниот Марк Маркез и натаму доминира сезонава во Мото ГП. Па така Шпанецот, денеска беше најбрз и во квалификациите, ја освои пол-позицијата на патеката Балатон за ГН на Унгарија. Ова значи дека водечкиот во генералниот пласман ќе стартува од првата позиција на утрешната главна трка која е закажана за 14 часот.
На второто место на денешните квалификации заврши Марко Бецеки, а трет е Фабио Ди Џантонио.
Ова за Маркез е 74.освоена пол – позиција.
Да кажеме и тоа дека денеска во 15 часот ќе се одржи и спринт трката за ГН на Унгарија, на која Маркез исто така е голем фаворит за победа.