Екипата на ГРК Охрид го совлада Е. Пелистер во финалниот натпревар од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ со 31:26. Охриѓани покажаа дека не случајно ќе претендираат за највисок пласман во домашниот шампионат во новата сезона, откако победнички ова лето завршија два турнири, и овој на домашен терен и оној претходно во Струга.
Екипата на Е. Пелистер одигра добар меч, но никако не успеваше да се врати во битка за победа. Домашните во финалните 6-7 минути влегоа со висока предност од четири гола и на крајот успеаја да ја задржат до победа.
Најдобар поединец кај екипата на Охрид беше Дарко Ѓукиќ со шест погодоци, додека Манасков постигна седум во составот на битолчани.