Се збогуваше со фановите на ПСЖ: Донарума за последен пат на “Паркот на принцовите“! (ВИДЕО)

153
ФОТО: Canal Supporters/X

Емотивно беше синоќа на “Паркот на принцовите“ во Париз. Не толку поради победата на ПСЖ протов Анже од 1:0, туку поради тоа на претставувањето на сите освоени пехари пред своите фанови, тука беше и Џиџи Донарума. Најдобриот голман во светот, за разлика од останатите играчи на европскиот шампион кои беа во дресови или тренерки, тој беше во фармерки и јакна.

Додека отпоздравуваше кон фановите немаше некои посебни реакции, но затоа капитенот Маркињос и останатите побараа од нив со почит да се однесуваат кон Италијанецот.

Така и беше, следуваа овации кон Донарума.

Инаку неговиот трансфер во Манчестер Сити е веќе готова работа. Иако вчера се слушнаа некои шпекулации дека ПСЖ бара отштета од 50 милиони евра што за Сити е премногу.

ПретходноЧелзи губеше, ама потоа го “торпедираше“ Вест Хем!
СледноШок за младиот Аргентинец: Дон Флорентино нареди неговото име да не се скандира на “Сантијаго Бернабеу“!