Тимот на Тотенхем на стартот на денешната Премиер лига програма на гостински терен го совлада тимот на Манчестер Сити со конечни 0:2. Одличната партија на гостите беше наградена со три бода кај еден од најголемите фаворити за титулата, кои уште на стартот на сезоната доби „ладен туш“.
Гостите уште на мечот се виде дека Тотенхем има намера на овој меч да ја покаже сета своја сила. Џонсон по одличната акција погоди во 35. минута, ВАР го потврди голот, а во судиското продолжение од првиот дел повторно се тресеше домашната мрежа.
Катастрофална грешка на одбраната на Сити, која дозволи да биде одземена топка во петерецот, по што Паилиња реализираше за 0:2.
Во вториот дел, Сити нормално се обиде да стори нешто повеќе, но ниту Халанд, ниту пак некој друг од напаѓачите на домаќинот успеа да реализира и барем да си даде шанса за поволен резултат.
Тотенхем по две кола е со две победи и гол разлика 5:0, додека пак Сити остана на досегашните три бода.