Фудбалерите на Комо направија големо изненадување во Серија А и го совладаа Лацио со 2:0 во вечерашниот натпревар од првото коло. Избраниците на Сеск Фабрегас одлично ја отворија новата сезона и го срушија фаворитот од Рим.
Головите за Комо ги постигнаа Дувикас и Нико Паз во 47-та и 73-тата минута. На вториот натпревар кој се одигра во терминот од 18:30 часот Фиорентина и Каљари ремизираа со резултат 1:1. Фиорентина поведе преку Мандрагора во 68-та минута, а Каљари успеа да изедначи со голот на Луперто во 94-тата минута.