Алегри по поразот од Кремонезе: Среќа што ова е прв меч!

75
ФОТО: AC Milan/FB

Милан вчера на “Сан Сиро“ доживеа сензационален пораз од Кремонезе со 1:2. Гигантот од Милано со лошо издание ја почна сезоната која требаше да биде подобра од минатата. Сепак уште на стартот четата на Масимо Алегри ги разочара фановите пред се од резултатот.

Секако дека по мечот и Алегри беше видно разочаран од настапот на својот тим, како и од резултатот:

Како прво примивме два гола кои можевме да ги избегнеме со малку повеќе конвентрација. За среќа ова е само прво коло, прв натпревар во сезоната и пред нас е многу работа. Се виде дека успеавме да искреираме неколку можности за гол, но ете не ги искористивме. Ние како Милан не смееме да си дозволиме да примаме по два гола на секој меч“ истакна покрај другото стратегот на Милан.

ПретходноПрвиот гол на Сон во МЛС ќе се памети, “тресеше“ и Милер! (ВИДЕО)
СледноШкотски медиуми: Глазгов Ренџерс со силен интерес за Миовски!