Една од легендите на НБА лигата, Чарлс Баркли вели дека Леброн Џејмс треба да се помири со фактот дека ЛА Лејкерс се сега клуб на Лука Дончиќ.
„Порано или подоцна, Леброн мора да си оди. Нема ништо што можете да направи. Знаете, иако игра, иако има добри статистики, тие со него не биле успешни веќе четири години. Ова е сега тимот на Лука Дончиќ. Нема шанси да го продадат ни за многу пари, ова е негов тим“, рече 11-кратниот Ол-стар играч.