Вардар договори центарфор и стопер репрезентативци на Уганда

600

27-годишниот центарфор на репрезентацијата на Уганда, Фахад Бајо ќе биде едно од двете нови засилувања за екипата на Вардар до крајот на летниот трансфер период. Бајо кој има 22 настапи и 8 постигнати гола за репрезентацијата на Уганда ќе го засили вардаровиот напад и ќе стане соиграч на едцен од најдобрите фудбалер на „црвено-црните“, а негов сонародник, Роџерс Мато.

Бајо минатата сезона ја мина во Европа и играше за чешкиот клуб Вишков. Откако го заврши договорот со Чесите замина во Етиопија во екипата на Волвало. Од таму сега ќе се врати во Европа и ќе го облече дресот на Вардар.

Според нашите информации, покрај Бајо и Мато, во дресот на Вардар ќе заигра уште еден фудбалер од Уганда. Станува збор за 23-годишниот централен стопер Муса Раматан, кој исто како и Бајо минатата сезона го носеше дресот на чешки Вишков. И тој во Скопје доаѓа од екипата на Волвало од Етиопија.

Тој досега има еден настап за репрезентацијата на Уганда.

ПретходноНа 53 години: Барикело стана НАСКАР шампион во Бразил
СледноКомо го изненади фаворитот Лацио, Фиорентина само до бод со Каљари