Во првите два денешни дуели од Премиер лигата, само на еден домаќинот ја искористи предноста на своја публика.
Екипата на Евертон успеа да слави со 2:0 во мечот против Брајтон. Стрелци на головите беа Бдијае во 23. минута, и Гарнер на стартот на вториот дел, односно во 52. минута.
Од друга страна пак, Кристал Палас одигра само 1:1 на свој терен против екипата на Нотингем Форест.
Сар ги доведе домаќините во водство во 32. минута, а Хадсон Одои израмни во 57. минута.