Е. Пелистер 2 е освојувач на турнирот „Миле Нешкоски“

41
фото: Eurofarm Pelister (Facebook)

Ракометарите на вториот тим на Е. Пелистер се победници на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Вечерва во финалето на турнирот, битолчани беа подобри од домаќинот Прилеп до 32:26 и го освоија првото место.

Претходно во борба за третата позиција, екипата на Пролет успеа да го совлада тимот на Тиквеш со 28:26, додека во борбата за петтото место, екипата на Бутел со 37:31 беше подобра од гостите од Србија, екипата на Црвена Звезда.

ПретходноНов анти-рекорд: Манчестер Ј. го има наjлошото отворање на сезоната по 2022 година
СледноУ16: Кадетките убедливо поразени и од Литванија