Екипите на Манчестер Ј. и Фулам ремизираа со 1:1 во попладневниот натпревар од Премиер Лигата. По поразот од Арсенал во првото коло, избраниците на Рубен Аморим повторно се мачеа и не успеаја да стигнат до прва победа оваа сезона.
До првиот гол на натпреварот чекавме дури до 58-та минута кога Родриго Муниз си постигна автогол (ВИДЕО) и им донесе водство на „црвените ѓаволи“. До крајот на натпреварот Фулам ја превзеде иницијативата и изедначи во 73-тата минута преку Емил Смит Роу (ВИДЕО). Вреди да се напомене дека во 38-та минута Бруно Фернандес не искористи пенал.
Со ова реми Манчестер Ј. се наоѓа на 16-тата позиција со само еден бод од два одиграни натпревари, а Фулам го зазема 13-тото место со два освоени бода.