Мио го немаше ни на клупа, Џирона прими „петарда“ од Виљареал

30
фото: Villarreal CF (X)

Во еден од двата вечерни дуели од 2. коло во Ла Лига, екипатана Џирона на Бојан Миовски беше прописно декласирана на гостувањето кај Виљареал со 5:0. Нашиот репрезентативец за разлика од првиот меч оваа сезона на кој беше стартер, вечерва го немаше ниту на клупата за резерви. Тоа може да се протолкува и како најава дека Миовски ќе биде продаден во последните денови од преодниот рок, по сите шпекулации дека е близу до враќање во Шкотска.

Виљареал вечерва доминираше вос ите 90 минути и на крајот убедливо ги порази гостите. Пепе, Марин и Буханан кој постигна два гола, уште на полувреме и донесоа на „жолтата подморница“ водство од 4:0, а конечните 5:0 беа дело на Буханан со третиот негов погодок.

Четири гола и реми 2:2 видовме вечерва во Баскија на мечот меѓу Реал Сосиедад и Еспањол. Таму гостите имаа брилијантно прво полувреме и водство од 0:2, но во вториот дел домашните се соземаа и се изборија за реми.

ПретходноУ16: Кадетките убедливо поразени и од Литванија
СледноГрилиш по двете асистенции за Евертон: Денеска играв со слобода, можев да правам што сакам