Полувреме: Арсими игра храбро кај шампионот, ама без голови под Шара!

35
ФОТО: KF Arsimi/FB

Заврши првото полувреме под Шара на мечот Шкендија – Арсими, на кој не видовме гол. Веднаш да кажеме храбро и одважно издание на дебитантот на теренот на шампионот, кој игра во комбиниран состав.

Арсими изненади со отворена игра, шанси, опасни закани на Олатунбосун и Авдули. Шкендија не така добра како што сме навикнале да ја гледаме, единствениот удар кон гостинскиот гол го упати Ф. Рамадани во 37.минута.

А како тоа одигра Шкендија доказ се свирежите од трибините по завршување на полувремето.

Очигледно е дека фновите на шампионот очекуваат нивните миленици на секој меч убедливо да победуваат, ама забораваат дека во чертврток Шкендија ја чека историски меч во Разград на реваншот од плеј – офот во Лигата на Европа.

ПретходноКелн со гостински триумф кај Маинц
СледноРенато Санчес оди на позајмица во Панатинаикос