Сензација во Тетово: Дебитантот му “откина“ два бода на шампионот, епско промашување на Мазари!

281
ФОТО: KF Skendija/FB

Шкендија – Арсими 0:0 е исходот од попладневниот меч под Шара во рамките на 3.коло во ПМФЛ. Нема три од три за шампионот, кој киксираше токму против Арсими. Имаше Шкендија многу шанси, посебно во второто полувреме, Зејнулаи ја погоди стативата, потоа двапати Ираими се закани, Љатифи имаше и зицер, но она што го промаши Мазари, новакот во дресот на Шкендија, на кого ова му беше деби за тетовци, ретко се гледа. Од само 3-4 метри промаши буквално празен гол, нема што епско промашување.

Сите пофалби за храбриот Арсими, кој одигра одлично прво полувреме, на моменти и ја надигра домашната екипа, имаше и шанси за водство но на пауза се замина со тие 0:0.

Во второто полувреме стратегот на Шкендија, Јетон Беќири не сакаше повеќе да експериментира и во игра ги внесе Ибраими, Љатифи, Алхасан и дел од останатите првотимци кои ја презедоа иницијативата. Се играше речиси “викторија“ пред гостинскиот гол, рековме дека имаше и шанси, ама Арсими одигра одлично во одбраната и ако малку Перовиќ во контрите имаше повеќе среќа, еднаш ја погоди и пречката, тимот од Чегране ќе го нокаутираше шампионот.

Голем кикс на Шкендија, ова е најголемото изненадување во досегашниот дел од шампионатот, нешто слично како и на Вардар во петокот па така сега и двете „црвено – црни“ екипи се во -2 бода во однос на водечките Силекс и Струга ТЛ.

Лошо за Шкендија е и тоа што не само што не победи, туку доста и се потроши во пресрет на гостувањето во четврток во Разград кај Лудогорец каде што ќе го игра реваншот од плеј – офот во ЛЕ.

Честитки за Арсими кој во една фајтерска борба среде Тетово остана непоразен на гости кај Шкендија.

ПретходноРенато Санчес оди на позајмица во Панатинаикос
СледноМанчестер Ј. остана без победа и на гостувањето кај Фулам (ВИДЕО)