Урнебесно: Она кога ќе те прашаат навистина глупаво прашање! (ВИДЕО)

82

Јасно е дека е убаво, тоа е и тренд во светот, да дадеш изјава по меч на некоја убава новинарка или репортерка, но поубаво е таа барем малку да се подготви за натпреварот. Ако не знае барем да праша, кој бил поразен и од кого треба да земе изјава.

Навистина урнебесни сцени се случија вчера по мечот меѓу Франкфурт и Вердер, кој домашните го добија со 4:1.

Капитенот на гостите Марко Фридл беше прашан од убавата репортерка на Скај, Катарина Клајнфелд, за тоа како се чувстува после победата. Убавата Катарина се збуни со оглед на тоа Фрилд носеше дрес на Франкфурт откако го замени дресот со еден домашен фудбалер.

И можете да видите како играчот на поразениот тим беше шокиран од прашањето, па одговори кусо:

Ама јас сум фудбалер на Вердер, ние загубивме“…

Урнебесно. Овој гаф е топ – тема во Германија а убавата Катарина си се прослави.

ПретходноПМФЛ 3.коло (денеска): Шкендија ја интересира само три бода против Арсими
СледноЛиридон Љатифи: Шкендија ќе влезе максимално сериозно на мечот со Арсими!