Женската кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе и трет пораз на натпреварите на Европското првенство од Б-дивизијата во Турција. Вечерва на мечот од 3. коло во групната фаза, нашите млади кошаркарки беа поразени од своите врснички од Литванија со 89-43.
Во текот на целиот меч Литванија доминираше. Во првите 10 минути нашата селекција постигна само 2 поени, а до крајот на полувремето успеавме да ја поправиме статистиката, па на пауза заминавме со 14 постигнати поени.
Во вториот дел работите тргнаа малку подобро, па во третиот период одигравме скоро егал (20:18), но до крајот Литванките лесно ја прокнижија победата.
Јана Пислевска беше најефикасна во нашиот тим со 11 постигнати поени.