Фаворитите со убедливи победи на почетокот од Младинската Супер лига

197

Викендов почна новата сезона во Младинската Супер лига и уште на стартот екипите кои важат за фаворити за шампионскиот трофеј забележаа убедливи победи.

Најубедлив беше Вардар кој со 9:0 го совлада Башкими. Иво Марковски и Мартин Јанчевски по три пати се запиша меѓу стрелците додека два гола беа Никола Ристевски.

Бранителот на титулата Работнички славеше со 5:0 во соочувањето против Струга Трим Лум. На овој натпревар четири пати прецизен беше Беркај Шаини.

АП Брера триумфираше над Тиквеш со 7:0. Натпреварот го одбележа хет-трикот на Иван Шириќ, а по два пати меѓу стрелците се запишаа Габриел Талески, Матеј Сејменов и Иван Тачев.

Шкендија во дуелот со Скопје забележа победа од 6:0 и за разлика од претходните мечеви на овој шест различни играчи ја затресоа мрежат на противникот.

Пелистер го совлада Арсими со 3:1, а со истиот резултат Њу Старс ги освои бодовите против Охрид Лихнидос.

Шкупи беше поуспешен од Брегалница и славеше со 5:1, а во последниот натпревар од првата рунда во Младинската Супер лига,  Македонија го совлада Тетекс со 2:1.

Младинска Супер лига – резултати 1. коло

 

АП БРЕРА – ТИКВЕШ                                    7:0

ВАРДАР – БАШКИМИ                                    9:0

ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ                                  3:1

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ                        5:0

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ                                   6:0

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА                               5:1

ЊУ СТАРС – ОХРИД Л.                                   3:1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ТЕТЕКС                        2:1

ПретходноФК Брегалница со соопштение по денешниот инцидент: Нема место за насилство во спортот
СледноМВР со официјално соопштение за инцидентот во Штип: Уапсен родителот „тепач“ на мечот Брегалница – Шкупи