Фантастично: Ова е спектакуларниот гол на Ди Марија за победа на Росарио! (ВИДЕО)

127

Росарио и Њуелс Олд Бојс синоќа ги одмерија силите во едно од најголемите аргентински дербија, а средбата на лутите градски ривали ја одлучи Анхел Ди Марија, кој постигна еден од најубавите голови во својата богата кариера. По речиси 20 години, Ди Марија одлучи да се врати дома и да потпише за Росарио, каде што порасна и играше пред да се пресели во Бенфика за осум милиони во 2007 година.

Овој 37-годишник е во залезот на својата кариера и одлучи да игра барем уште една сезона за својот сакан клуб Росарио, а какви емоции има кон него најдобро се виде синоќа. Росарио одигра дерби на домашен терен против лутиот градски ривал Њуелс Олд Бојс и токму Ди Марија го реши натпреварот.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 82-та минута кога домашните добија слободен удар на речиси 30 метри од противничкиот гол, а топката ја намести Ди Марија, кој изведе вистинско ремек-дело. Ди Марија го постигна можеби најубавиот гол во неговата кариера, кој го реши синоќешното градско дерби, а потоа едноставно не можеше да ги скрие емоциите.

ПретходноХанси Флик по пресвртот против Леванте: Горд сум на моите играчи!
СледноАнгела Мојсовска и Љупче Михајлов, ќе се борат за златни медали на Европската универзијада во Варшава