Инцидентот кој што денеска се случи во Штип, на мечот од младинските категории помеѓу екипите на Брегалница и Шкупи предидизвика лавина од реакции во јавноста. Еден од гледачите на натпреварот од генерацијата 2009/10 физички нападна домашен играч по што интервенираше полицијата, а и брзата помош која што ги санираше повредите на нападнатиот фудбалер. Насилникот е уапсен, а ќе следува секако и соодветна пријава за настанот.
По ова, ФК Брегалница како организатор на натпреварот предмалку излезе со соопштение во кое се осудува настанот, и во кое се додава дека за ваквите девијајтни појави мора да има казни.