Ханси Флик по пресвртот против Леванте: Горд сум на моите играчи!

88
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Барселона уште еднаш покажа дека и кога губи со 2:0, има сила во себе и таков потенцијал па и како гостин да го сврти резултатот во своја корист и на крајот да победи со 3:2. Каталонците имаат неверојатен напаѓачки потенцијал, кој може од било каква акција да дојде до гол и да го сврти мечот во своја корист.

Така беше синоќа на гости кај Леванте кога домашниот состав водеше со 2:0, за да на крајот шампионот победи со 3:2 и дојде до втората победа во вториот меч сезонава.

По мечот свој коментар имаше и тренерот Ханси Флик:

Горд сум на моите играчи, на мојот тим. Се обидовме да се вратиме по тие 2:0 за Леванте и ете успеавме. Верувавме до крајот. Не беше лесно, познато е дека нашите ривали целосно се фокусирани на одбраната, а ние мораме да бидеме подобри. Овој меч, оваа победа во многу ќе ни помогне да растеме како тим“ посочи стратегот на Барселона.

ПретходноБарса со пресврт го совлада храбриот Леванте
СледноФантастично: Ова е спектакуларниот гол на Ди Марија за победа на Росарио! (ВИДЕО)