Шкупи со соопштение: Фудбалот не е и не треба да биде арена на физички конфронтации

223

По денешниот голем инцидент во Штип на натпреварот меѓу пионерите на Брегалница и Шкупи со реакција се јави и клубот од Чаир. Во соопштението објавено на социјалните мрежи се вели:

„Шкупи преку ова соопштение сака да ја информира јавноста дека целосно се оградува од неспортските настани кои се случија во Штип, за време на натпревар на пионерите на Брегалница и Шкупи. Фудбалот не е и не треба да биде арена на физички конфронтации, туку терен каде се судираат таленти, тактики…

Како клуб со долга традиција и историја во Македонија, Шкупи апелира оваа ситуација да се надмине и вакви инциденти да не се повторат во иднина. Духот на фер-плеј и љубовта кон фудбалот секогаш треба да бидат над сè друго.

Истовремено, апелираме до сите надлежни органи да преземат неопходни дејства врз основа на материјали и факти, со што сите лица вклучени во овој инцидент да се соочат со законот и да одговараат.

Шкупи останува посветен на негувањето на спортскиот дух, почит и здрави вредности кои фудбалот треба да ги претставува“.

ПретходноГрилиш по двете асистенции за Евертон: Денеска играв со слобода, можев да правам што сакам
СледноЈувентус тргна со сигурна победа, Аталанта „киксна“ против Пиза