Јувентус тргна со сигурна победа, Аталанта „киксна“ против Пиза

21
фото: JuventusFC (X)

Јувентус ја почна новата сезона во италијанската Серија А со сигурна победа на домашен терен против екипата на Парма. Иако момците на Игор Тудор вечерашниот дуел на својот стадион го завршија со играч помалку (исклучен беше Камбиасо во 83. минута), сепак, на крајот со 2:0 ја победија Парма и ги прокнижија првите три бода.

Головите за победа на „Старата Дама“ ги постигнаа новиот голгетер на тимот, Џонатан Давид во 59. минута и српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ во 84. минута.

Во вториот вечерашен меч екипата на Аталанта „киксна“ на домашен терен против новајлијата Пиза. Мечот во Бергамо заврши нерешено 1:1. Гостите први поведоа со автоголот на Хиен во 26. минута, а бод за домашните обезбеди Скамака со гол во 50. минута.

ПретходноШкупи со соопштение: Фудбалот не е и не треба да биде арена на физички конфронтации
СледноБаркли: Леброн треба да се помири со фактот дека Лејкерси се сега клуб на Дончиќ