Јунајтед се одлучи за голман од Белгија

55

Сене Ламенс, голманот на тимот на Ројал Антверпен, ќе биде следниот чувар на мрежата на тимот на Манчестер Јунајтед. Проблемот со голманската позиција на Олд Трафорд ќе биде решен со 23. годишниот белгиец за кого од Јунајтед ете сметаат дека е квалитет и капацитет да го реши големиот проблем.

Белгијците за него бараат 25 милиони евра, Јунајтед првично понуди пет помалку, во во следните неколку часа овој момент ќе биде лесно решен. Потоа Ламенс ќе може слободно да се упати кон Манчестер и да стане новиот голман на овој легендарен тим.

Ламен беше изоставен од составот на Ројал Антверпен за домашниот натпревар против Мехелен во петтото коло од домашниот шампионат, што е јасен сигнал дека трансферот на „Олд Трафорд“ ќе се реализира.

Ламенс има одиграно над 50 натпревари за Антверпен откако се приклучи на тимот од Клуб Бриж пред две сезони.

ПретходноАл-Итихад купува во Порто, Јунајтед и Зенит!
СледноНишто ново, Маркез доби уште една трка во МОТО ГП