Армин Бесагиќ: Арсими треба да ја искористи секоја евентуална грешка на Шкендија!

110

Екипата на Арсими, по последниот пораз на домашен терен против Струга Трим Лум, сега ќе бара поволен резултат на натпреварот против Шкендија во Тетово, кој се игра денеска од 17 часот. Настапот во првото полувреме од дуелот со Струга ТЛ им дава дополнителна мотивација на фудбалерите на Арсими дека можат да ја повторат истата игра и против актуелниот шампион. Еден од нив е Армин Бесагиќ, кој верува во позитивен исход.

Не очекува важен првенствен натпревар против актуелниот првак, Шкендија. Максимално го почитуваме противничкиот тим, кој има успеси дури и на европската сцена и кој покажа исклучителен квалитет“, изјави играчот на Арсими.

Бесагиќ смета дека неговиот тим нема што да загуби на овој дуел, знаејќи дека фаворит е Шкендија, која влегува во натпреварот по големиот европски успех и победата над Лудогорец во плејофот од Лигата на Европа.

Доаѓаме со борбен и тимски менталитет. Добро сме подготвени, трениравме интензивно, тактичките насоки ги повторувавме, а не недостига ниту нашата посветеност да дадеме максимум во секој момент. Нашата цел е да играме храбро и да ја искористиме секоја евентуална грешка на Шкендија“, додаде Бесагиќ.

ПретходноЛиридон Љатифи: Шкендија ќе влезе максимално сериозно на мечот со Арсими!
СледноСветскиот шампион го објави списокот за ЕП 2025: И Германија има екстра силен тим!(ФОТО)