Жозе Мурињо со право е сметан за еден од најдобрите тренери во историјата. Во изминатите 25 години освои многу титули и трофеи, а беше стратег на Порто, Челзи во два наврати, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Рома, Фенербахче.
Затоа секоја негова изјава се мери и премерува. Има милиони следбеници, ама има и такви, веројатно поради својот специфичен карактер не можат да го поднесат.
Му беше тренер на Горан Пандев во Интер, во таа историска сезона за гигантот од Милано, а нашиот најдобар играч на сите времиња, има само пофални зборови за “Специјалниот“.
На прашањето кој според него е најдобриот во светот на фудбалот, дали Меси или Кристијано Роналдо, тој кажа дека ниту еден од тие двајца.
“Роналдо Назарио. За мене тој е најдобриот. Јасно е дека немаше кариера како Меси или Кристијано, повредите го спречија, но тоа што го правеше Роналдо Назарио на само 19 години е нешто посебно. Според мене тој е најдобриот играч кој сум го гледал, а знаете дека сум гледал многу играчи“ истакна Жозе.
Инаку во таа сезона 1996/97 Мурињо и Роналдо Назарио беа заедно во Барселона, тогаш младиот Бразилец дојде на “Камп Ноу“ од ПСВ а Мурињо тогаш му беше прв помошник на тогашниот стратег на Барса, Боби Робсон.
Додека со Кристијано Роналдо соработуваше во Реал Мадрид.