Селекторот на Германија, Алекс Мумбру, го објави списокот од 12 кошаркари кои ќе играат за „Панцерите“ на претстојниот Евробаскет. Дејвид Крамер, кого селекторот мораше да го избрише откако се повреди пред подготвителниот дуел со Шпанија, се откажа. Германскиот тим на лекари, во разговор со колегите од Реал Мадрид, клубот на Крамер, доби негативен одговор кога станува збор за неговото патување во Финска, каде што Германците ќе играат во групната фаза.
И без него, актуелните светски шампиони имаат многу силен тим, а експертите ги гледаат како втори фаворити за титулата, зад Србија.
Домаќин на групата Б ќе биде Тампере, а ривали на Германија ќе бидат Литванија, Финска, Црна Гора, Шведска и Велика Британија.
Списокот на Германија:
Исак Бонга (партизан)
Оскар да Силва (Баерн)
Тристан да Силва (Орландо)
Франц Вагнер (Орландо)
Леон Крацер (Баерн)
Јустус Холц (Баерн)
Маодо Ло (Жалгирис)
Андрес Обст (Баерн)
Денис Шрудер (Сакраменто)
Даниел Тис (Монако)
Јоханес Фојтман (Баерн)
Јоханес Тиеман (Гунма Крејн Тандерс)