Аморим: Од толку што сакаме да победиме забораваме на поседот

88

Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим, зборуваше за последниот настап на својот тим и ремито со Фулам. Португалецот се осврна на големата желба за победа и за резултатите кои изостануваат.

„Беше тежок натпревар. Мислам дека кога го постигнавме голот, заборавивме како да играме правилно. Размислувавме само како да го одржиме резултатот. Толку многу сакавме да победиме што заборавивме на поседот, обидувајќи се да го притиснеме противникот. Едноставно му дадовме на Фулам да игра“, вели стратегот на „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед по првите две кола од новата сезона не успеа да оствари победа.

ПретходноЈашар: Башкими оди на три бода на мечот со Тиквеш
СледноХаос на „Америкупот“: Жестока тепачка меѓу кошаркарите на Аргентина и Доминиканската република (ВИДЕО)