И Украина пресилна за македонските кадетки!

16
ФОТО: KFSM.MK

Кадетките беа конкурентни само во првите десет минути, на крајот, убедлива победа на Украина (71:40).

Женската кадетска репрезентација на Македонија го заврши првиот дел до ЕП од Дивизијата „Б“ во Истанбул без победа.

Во последното коло од групната фаза од шампионатот, Украина дојде до висока победа против нашата селекција која ја предводи селекторот Оливер Стојмановиќ.

 Нашите млади кошаркарки, исто како и на некои претходни натпревари, имаа добар почеток, како играчки, така и резултатски. Но не и нешто повеќе од тоа.

На истекот од десетте минути, Украина водеше со минимални (15:14). Но како одминуваа минутите, така предноста на ривалот постојано растеше.

До крајот на првото полувреме, Украинките се одвоија на (30:23).

Ниту големиот одмор не донесе некоја промена во играта, напротив, украинската селекција се стекна и со упте поголема предност во третиот период, во кој парцијално направи скор (18-6), и дојде до недостижни (48:29).

Ива Колева со 11.поени (пет асистенции и три скока), беше најдобриот поединец во нашата селекција (Трајковска и Милосављевиќ имаа по девет поени). која по скорот (0-4), во групата „Д“ го освои последното место, и ќе се бори за пласман од 17. до 19.место на првенството во Истанбул.

По два дена пауза, на 28. август, (од 9.30 часот), Македонија ќе игра против селекцијата на Азербејџан.

ПретходноЛудило: Има само 16 години, ама со гол во 90+10.минута успеа да му донесе победа на Ливерпул на “Сент Џејмс Парк“!