Во 2. коло од Прва ЖФЛ беа одиграни четири натпревари. Гостинските екипи славеа победа на сите одиграни мечеви.
Во дерби натпреварот во Каменица, домашната САСА загуби од актуелниот првак, Љуботен со 2:0. Ајури Тераваки во 30. минута и Јулија Живиќ, две минути по нејзиното влегување во игра, во 77. минута беа стрелци на головите за тетовчанки.
На натпреварот во скопско Пржино, СЦ Истатов загуби од АС Јунајтед со убедливи 3:0. Села Веса и Ана Беатрис беа стрелци на головите во првото полувреме, Теодора Далческа го даде третиот погодок за АС Јунајтед во 84. минута.
Кочани со 1:3 на домашен терен е поразен од Речица. Резулатот го отвори Анѓела Петковска во 12. минута, а Емили Митковска даде два гола во победата на гостинките.
Во Битола, домаќинот Топ Гол со 0:1 загуби од Скопје 2014. Јована Каралиоска во 48. минута го постигна голот за три бода за Скопје 2014.
АС Јунајтед, Љуботен и Скопје 2014 имаат максимален ефект по две кола во најдобрата женска конкуренција.