Јагуриновски се повреди, го чека подолга пауза

214

Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриноски се повреди. Според последните информации, станува збор за посериозна повреда, која ќе го остави Јагуриновски надвор од терените подолг период.

Македонскиот бек се повреди на натпревар во подготовките на својот нов клуб. Во финале на турнир што го играше неговиот нов клуб, Десау Рослер, Јагуриноски незгодно приземјил на грбот. Тој веќе е на поштеда, па останува да се сочека вистинската информација за должината на перидоот на рехабилитација.

Јагуриновски е четвртиот играч од нашата репрезентација кој поради повреда е надвор од терените. Марко Митев, Никола Костески и Милан Лазаревски уште најмалку два до три месеца нема да бидат во погон.

ПретходноВирц: Во Премиерлигата мора многу да се трча, а и немаш простор за многу игра
СледноРешат Рамадани добива повик за А репрезентацијата на Македонија