Арне Слот: Задоволен сум од моите опции во нападот, Исак не ни е толку очајно потребен!

17
ФОТО: FC Liverpool/FB

Ливерпул сеуште не успеал да го донесе Александер Исак. Се надева дека до крајот на летниот преоден рок ќе успее да го стори. Деновиве има некои поместувања, се шпекулира дека почнале и нови преговори и тоа дека “Редси“ би платиле 150 милиони евра плус бонуси, но се зависи од Њукасл, тоа им е јасно на сите.

На прашањето дали му недостига уште еден шпиц во ростерот, стратегот Арне Слот истакна:

Искрено задоволен сум од моите опции во нападот, Исак не ни е толку очајна потребен. Диас си замина, не негово место тука е Вирц, ако говориме за нападот. Сите знаеме што се случи со Диого Жота. Си замина и Дарвин, ама тука е Екитике. Да кажам дека и Фримпонг може да биде како крило. И ако е така, тогаш имаме шесторица напаѓачи“.

Ова е негов коментар, ама сите оние кои и тоа како добро ги знаат приликите на „Енфилд“ знаат добро дека Исак е неопходен за овој тим на Ливерпул.

ПретходноМЗТ Скопје означи старт на подготовките за новата сезона! (ФОТО)
СледноОфицијално: Башкими го претстави Аворнио! (ФОТО)