Билбао со “минималец“ против Рајо за “два од два“ на стартот во Ла Лига!

13
ФОТО: Athletic Club/FB

Со голот на Сансет во 66.минута и тоа од пенал, Билбао успеа да го победи Рајо со 1:0 за совршен старт во новата сезона во Ла Лига. После Севиља, на „Сан Мамеш“ падна и Рајо Ваљекано.

По се она што се случуваше на теренот, треба да се каже дека Билбао заслужи поуверлива победа ако се знае дека Нико и Ињаки Вилијамс не успеаја неколку шанси да реализираат, сепак Нико Вилијамс беше прогласен за играч на натпреварот.

Посебно Билбао притисна во второто полувреме, кога во целост ја преземе иницијативата, се редеа шансите, ама сепак победата дојде до пенал и тоа во 66.минута по ударот на Сансет.

ПретходноШкендија вечерва ќе преноќи во Софија, утре продолжува за Разград!
СледноДон Карло го објави списокот на Бразил: Ги нема Винисиус, Родриго, Нејмар…(ФОТО)